За нас

Стоматолошка Ординација Вивадент

Вивадент

Стоматолошката ординација ВИВАДЕНТ е основана во 2000 год. од  д-р Ѓорги Цеков, подоцна во 2004 год. е пререгистрирана од д-р Дарко Цеков. Нашиот тим се состои од д-р Дарко Цеков, доктор по стоматологија, Катерина Донева, сестра-асистент и Крумислав Цеков, забен техничар. Како соработници и надворешни членови на нашиот тим се вклучени повеќе доктори- специјалисти и колеги со чија соработка го подобруваме квалитетот на нашата работа и одговараме на потребите на нашите пациенти.

Д-р Ѓорги Цеков студирал и дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје 1972 год. а специјализирал Болести на уста и пародонт на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Работел како специјалист во Медицинскиот  центар во Кочани до 2002 година.

Д-р Дарко Цеков

Ги започнал студиите на Стоматолошкиот факултет во Софија, а ги продолжува на Стоматолошкиот факултет во Скопје, каде дипломира во 2003 година.

Од 2004 година започнува со работа во ПЗУ ВИВАДЕНТ.

 Во 2009 година посетува Курс по имплантологија на италијанскиот бренд  ББ-ДУРАВИТ ИМПЛАНТ СИСТЕМ под менторство на проф.Клаудио Банзи ,од Универзитетот во БОЛОЊА, ИТАЛИЈА.

Потоа го посетува курсот на АНКИЛОС и ШТРАУМАН во Скопје и почнува со практикување на имплантологијата во ПЗУ ВИВАДЕНТ.

Дентална патологија

Пародонтологија

Имплантологија

Ендодонција

Хируршко и конзервативно лекување

 

Екстракција на умници

Постекстракционо сутурирање на рани

Орална хирургија

Протетика

Мали хируршки зафати

 

Стручна Екипа

Катерина Донева

Сестра- асистент

Крумислав Цеков

Забен техничар